Епидемиолози во Шпанија: Стадионите ќе се отворат последни

Епидемиолозите во Шпанија велат дека фудбалските мечеви во таа земја нема да се играат пред публика до крајот на годинава и препорачуваат затворање на стадионите сè додека не се најде вакцина против коронавирусот.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, рече дека има намера да ги ублажи мерките на ограничено движење во втората половина на мај, но не даде детали.

– Полека ќе ги релаксираме воведените мерки за ограничување, но ми се чини дека „Камп Ноу“ или „Сантијаго Бернабеу“ на крај ќе бидат отворени. Тие се последни во редот, рече Жоан Рамон Виљалби, член на Шпанската медицинска комора во интервју за „Ел Паис“.

Шпанска Примера беше стопирана на 13 март, а сè уште не е познато кога натпреварувањата би можеле да продолжат.

– Натпревар со 100 000 луѓе не е проблематичен само за гледачите на стадионот, туку и за нивното движење кон него. Јавниот превоз би бил огромен ризик за ново ширење на вирусот, заклучи Виљалби.