ЕПП да направи притисок врз Нова Демократија и ВМРО-ДПМНЕ

Договорот меѓу Македонија и Грција е добар компромис и тој нуди трајно, а не привремено решение, смета австрискиот аналитичар и професор на Универзитет во Грац, Флориан Бибер, кој е и координатор во Групата за европски политички совет (BiEPAG).

Јасно е дека постојат два македонски идентитети, еден е на Грците во северна Грција и еден на Македонците, како и тоа дека и двата можат да коегзистираат. Договорот се заснова на прифаќање на оваа двојност односно обезбедува македонски јазик и националност и го менува името на државата. Ако размислите за историскиот регион на Македонија, тоа всушност не е нешто што е неточно, но за да се биде попрецизен соодветно е да биде Северна Македонија,вели Бибер.

Тој смета дека постигнувањето на договорот е нешто што е само по себе добро бидејќи „статус кво“ ситуацијата е нешто уште полошо. Но според него, спроведувањето на договорот ќе биде тешко бидејќи националистите на двете страни силно се противат на тоа, а владите немаа големо мнозинство, осоено во Грција.

Успехот ќе зависи од следните чекори и од тоа дали владите во двете земји ќе успеат да ги убедат своите граѓани. Досега, двете држави, прес сѐ Грција, не секогаш успеваше да го подготви теренот и да се соочи со жестоката и радикална опозиција- вели аналитичарот.

Тој смета дека референдумот е голема пречка и ќе зависи од владината способност да ги убеди своите поддржувачи за основаноста на договорот, кој со себе го носи и пристапувањето кон ЕУ и членството во НАТО.

Тука, надворешните актери можат да помогнат со нивните стимулации. Исто така, би било корисно ако Европската народна партија (ЕПП) изврши притисок врз нејзините членки Нова демократија и ВМРО-ДПМНЕ да заземат проевропска линија што ќе стави крај на спорот- заклучува Бибер.