5.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ЕПП ѝ посакува среќа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите: Борбата против корупцијата, независното судство, економските реформи и владеењето на правото мора да продолжат

Европската народна партија преку твит на официјалниот Твитер канал им посака на ВМРО-ДПМНЕ среќа на изборите на 15 јули.

Имено Европската народна партија пишува дека борбата против корупцијата во нашата земја, независното судство, економските реформи и владеењето на правото мораат да продолжат.

-ЕПП посакува нашата партија членка
@VMRO_DPMNE
се најдобро за изборите на 15 јули. Борбата против корупцијата, за независно судство, економските реформи и владеењето на правото мора да продолжат. Слободни и фер избори се неопходни за да се донесе земјата на нејзиниот европски пат, стои во нивниот твит.