Ердоган ја предупреди Грција: Ако отидете предалеку, цената ќе биде висока

Во услови на тензии меѓу Република Турција и Грција, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во саботата ја повика Атина да погледне во историјата, велејќи дека „ако отидат предалеку, цената ќе биде висока“.

„Грција, погледни ја историјата, врати се во минатото, ако отидете предалеку, цената ќе биде висока. Имаме една работа да ѝ кажеме на Грција: Запомнете го Измир“, рече Ердоган на најголемиот турски технолошки настан „Текнофест“, во покраината Самсун на брегот на Црното Море.

Измир е провинција на западниот егејски брег на Турција што Анкара ја ослободи од грчката окупација во 1922 година како дел од својата војна за независност.

Ердоган ја предупреди Грција, велејќи дека „окупацијата“ на островите во Егејското Море од страна на Атина „не е нивна грижа“.

„Кога ќе дојде време, ќе го направиме она што е потребно“, додаде Ердоган.