Ердоган: Акциите на САД во Сирија не ги исполнуваат очекувањета на Анкара

Дејствијата што ги преземаат Соединетите држави во планираната безбедноста зона на североистокот од турската граница сѐ уште не соодветствуваат на очекувањата на Анкара, изјави во петокот турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„Дускитиравме со (американскиот претседател Доналд) Трамп за зона на нашите граници со Сирија во широчина до 30 километри. Нашите офицери преговараат со американските колеги. Во моментов нашите и американските хеликоптери заедно се на должност. Но тоа не е доволно. Очекуваме други активности на САД против терористите во безбедносната зона и сѐ уште не го ледаме тоа што го очекуваме. Најверојатно, на Генералното собрание на ОН (кон крајот на септември) ќе се сретнам со Трамп, при што повторно ќе разговараме за овие прашања“, рече Ердоган пред новинарите.

Во вторникот портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, рече дека заедникото патролирање на турската и американската војска во планираната безбедносна зона во североисточна Сирија е незадоволувачка за Анкара. Според него, доколку Турција не успее да постигне договор со САД за безбедносните зони во близина на турско-сириската граница, тогаш Анкара ќе биде принудена да дејствува самостојно.

Претходно Турција и САД постигнаа согласност за воспоставување центар за координација на заеднички операции и определија безбедносна зона во северна Сирија. Официјален Дамаск остро се спротистави на овој договор, бидејжи според сириската влада станува збор за беспримерен напад врз суверенитетот и територијалниот интергритет на земјата и грубо нарушување на приципите на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации.