Ердоган: Би сакал да не го урневме рускиот авион, но се случи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека му е жал поради соборувањето на рускиот авион од страна на Военото воздухопловство на Турција и дека би сакал тој настан воопшто да не се случеше.

Би сакал да не се случеше тоа, но се случи. Се надевам дека такво нешто нема да се повтори, изјави Ердоган во обраќање пред група негови поддржувачи.

Но и покрај изразеното жалење, Ердоган застана во одбрана на турската армија и упати критики кон Русија во врска со нејзините активности во Сирија.

Ердоган воедно изрази надеж дека евентуална негова средба со рускиот претседател Владимир Путин за време на претстојната конференција за климата во Париз би придонела за намалување на тензиите меѓу двете земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.