Ердоган: Дволичноста на Западот е очигледна

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави синоќа дека гледа дволичност во реакцијата на Западот на терористичките напади во Париз од минатата недела, објави МИА.

– Разузнавачката служба не ли ги следи оние кои биле ослободени, запраша Ердоган на заедничка прес конференција со палестинскиот лидер Махмуд Абас.

Коментарот на Eрдоган е даден во момент кога кон Турција се упатуваат прашања за тоа – како пријателка на еден од напаѓачите минала низ Турција пред нападите и потоа влегла во Сирија.

Ердоган вели дека западните реакции на нападите во Париз биле проследени со исламофобија.

– Дволичноста на Западот е очигледна. Ние како муслимани никогаш не сме учествувале во тероризам. Тоа што е зад тие ѕверства е расизам, јазик на омраза и силамофобија, изјави Ердоган.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху исто така беше критикуван од турскиот претседател за учеството во Маршот на солидарноста во Париз.

– Како може чоек кој убил 2.500 луѓе во Газа со државен тероризам, да мавта со раката во Париз. Како смее тој да отиде таму, запраша Ердоган.