Ердоган ги обвини Русија, САД и Франција дека ѝ доставуваат оружје на Ерменија

(AP Photo/Burhan Ozbilici)

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во неделата изјави дека Москва , Вашингтон и Париз ѝ доставуваат оружје на Ерменија чии сили од крајот на септември се вклучени во воениот конфликт за јужнокафкаскиот регион Нагорно Карабах на кој право полага Азербејџан чиј сојузник е Анкара.

Ердоган ја обвини Ерменија за повторно нарушување на примирјето, ткн хуманитарен прекин на огнот кој стапи на сила во саботата на полноќ. Притоа ја обвини ткн Минска група на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која ја сочинуваат Русија, Франција и САД а формирана во 1990-те години за прекинување на ерменско-азербејџанскта војна од 1992 до 1994 година.

„Што велат тие затоа што ние ги поддржуваме нашите азербејџански браќа? Што зборува Минската тројка, САД, Русија, Франција? Тие ја поддржуваат Ерменија. Тие ѝ даваат секаква поддршка на Ерменија во вид на вооружување“, изјави Ердоган во говорот во провинцијата Ширнак.

Ерменија, пак, ја обвинува Турција дека со авиони и со командни структури ја помага азербејџанската војска. Повеќе земји во светот, исто така, ја обвинува Анкара дека од Сирија префрла исламистички милитнати на боиштетот во Нагорно Карабах.

Ситуацијата во областа Нагорно Карабах, доминантно населена со ерменско население која во периодот на распадот на СССР се отцепи од Арзербејџан каде била административно присоединета, ескалираше на 27-ми септември за што меѓусебно се обвинуваат двете страни. И Азербејџан и Ерменија прогласија општа мобилизиација и се обвинуваат за убиства на цивилно население и ракетирања на цивилна инфраструктура.

На 10-ти октомври по инсистирање на Москва по долги разговори во руската престолнина беше склучен ткн хуманитарен прекин на огнот, во чиј тек требаше да се разменат заробениците и телата на загинатите од двете страни, но набрзо судирите продолжија со меѓусебни обвинувања.

Ноќта кон 18-ти октомври под притисок на меѓународната заедница и повикот на беше направен нов обид за прекин на огнот, но само по неколку часа Ерменија и Азербејџан меѓусебносе обвинија за негово нарушување