Ердоган го отфрла американското признание на геноцидот над Ерменците

Турскиот парламент ќе одговори на американските резолуции со кои масовните убиства на Ерменците во Првата светска војна се признаваат како геноцид и со кои се повикува на санкции против Турција против нејзината воена операција во Сирија, порача во средата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше во вторникот со огромно мнозинство дека масовните убиства на Ерменците пред еден век во рамките на тогашната Отоманска империја се признаваат како геноцид.

Труција не ја признава резолуцијата, рече Ердоган, истакнувајќи дека таа за Анкара нема никаква вредност. „Во нашата вера геноцидот е забранет Ова обвинение го сметаме за најголема навреда за нашата нација“, рече турскиот претседател.

Турското министерство за надворешни работи во средата го повикало американскиот амбасадор во Анкара на разговор за да му го пренесе турскиот протест против резолуцијата.

Турција на 9-ти октомври покрана воена операција „Извор на мирот“ на североистокот од Сирија против милициите на тамошните Курди кои ги поддржуваат САД, со цел да воспостави безбедна зона покрај границата.