Ердоган го послуша гласот на народот- нема полициски час за време на викендот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека одлучил да се откаже од полицискиот час во текот на претстојниот викенд, пред се, поради реакцијата на турската јавност, но ги предупреди сограѓаните за сериозното зголемување на бројот на заразени, јавија британските медиуми.

Министерството за внатрешни работи во понеделникот најави дека за време на викендот ќе има полициски час, а турскиот претседател предупреди дека бројот на нови случаи е зголемен од 700 на речиси  1.000 дневно.

„Реакциите на граѓаните на оваа мерка, сепак, не предизвика да ја преиспитаме одлуката и да го отповикаме најавениот полициски час“, соопшти турскиот претседател на Твитер.

Ердоган апелираше до своите сограѓани да се придржуваат до мерките за физичка дистанца и да ги земат предвид хигиенските препораки.