Ердоган го повика светот да се бори против исламофобијата, решително како и против антисемитизмот

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го повика во петокот човештвото да ѝ се спротистави на исламофобијата исто така решително како и против антисемитизмот, а оваа порака ја упати отворајќи го состанокот на водечката панисламска организација свикан по нападот во двете џамии на Нов Зеланд.

„На ист начин на кој човештвото почна да се бори против антисемитизмот по катастрофата на холокаустот, подеднакво решително мора да се бори против омразата кон исламот која расте“, рече Ердоган.

Турскиот претседател зборуваше на отворањето на состанокот на Организацијата на исламската конференција (OIK), вонредно свикан по минатонеделниот напад на австралиски екстремист кој во двете џамии во новозеландскиот град Крајстчрч уби 50 луѓе.

Новозеландскиот министер за надворешни работи Винстон Питерс, кој како гостин присуствува на состаникот на OIK, рече дека приоритетот на неговата земја е „да направи муслиманската заедница да се чувствува безбедно“. „Полицијата ја обезбедува секоја џамија за луѓето да мора да се молат во мир“, додаде Питерс.

Ердоган остро го осуди нападот на Нов Зеланд. Смета дека тоа е „показател за растот на исламофобијата“ во западните земји. Медиумите, пак, ги обвинува дека „ја разгоруваат омразата кон исламот“. Турскиот претседател, исто така, смета дека новозеландскиот масакр „е врв на сантата мраз“, дека „непријателството кон исламот и омразата кон муслиманите“ станала „закана со којашто треба да се занимаваат безбедносните сили, челниците но и обичните луѓе“.

Во кампањата за локалните избори кои ќе се одржат на 31-ви март, Ердоган масакрот на Нов Зеланд го оцени како „дел од кампањата против Труција“, бидејќи медиумите објавија дека напаѓачот своевремено престојувал и во оваа земја.

На таквите изјави реагираа Нов Зеланд и Австралија, во прв ред бидејќи Ердоган ги повика новозеландските власти да ја вратат смртната казна во правосудниот систем и предупреди дека Турција „ќе се погрижи“ за напаѓачот доколку Нов Зеланд пропушти тоа да го стори. Ердоган рече и дека напаѓачот ѝ се заканувал на Труција и нему лично, и дека овој краен десничар сакал да ги исфрли Турциет од северозападниот дел од земјата според тезата дека тоа е европска област. На ваквите изјави Питерес во средата ја повика Анкара да престане да емитува снимко до злосторството во Крајстчрч кој убиецот ги емитувачл на Facebook, бидејќи со тоа ги загрозува живототе на новозеландските државјани во странство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.