Ердоган го претстави првиот турски електричен автомобил

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го претстави во петокот првиот турски електричен автомобил, велејќи дека планот е ова возило да биде пуштено во сообраќај во 2022 година, а во него Турција вкупно ќе вложи 3,7 милијарди американски долари.

„Денеска сме сведоци на историски ден за нашата земја, сведочиме дека турските сништа се остварија по 60 години“, изјави Ердоган во претприемачкиот центар „Gebze IT“ во Истанбул.

Тоа ќе биде првиот турски обид за масовно производство сопствен автомобил, по неуспешниот обид во 1960-те години, додаде Ердоган. Изрази убеденост дека домашниот електронски кросовер нема да ја повтори судбината на првиот турски автомобил под марката „Devrim“, создаден во 1961 година, кој никогаш не влезе во масовно производство.

Пред почетокот на церемонијата Ердоган седна токму зад воланот на „Devrim“, а по завршувањето зад воланот на првиот турски електричен автомобил.

Автомобилот би требало да се произведува во фабриката во Бурса, околу 150 километри јужно од Истанбул. Се планира годишно да се произведуваат до 175.000 возила, а за тоа ќе бидат создаден 4.000 работни места, според уредбата на шефот на државата објавена во службениот весник во петокот.

Владата понуди доделување државно земјиште, даночни олеснувања и вети откупување на 30.000 автомобили до крајот на 2035 година, се наведува уште во претседателската уредба.

Неколку глобални брендови, вклучително и „Toyotа“ и „Hyundai“, веќе произведуваат автомобили во Турција, од што голем дел се извезуваат во Европа. Германски „Volkswagen“ во октомври ја одложи конечната одлука за градење фабрика за автомобили во Турција поради критиките на Западот за турската воена операција во Сирија.

„Зборуваме со години дека Турција мора да произведува сопствен автомобил, дека заслужуваме подобро отколку да биде монтажери“, рече Ердоган преставувајќи го СУВ-от и лимузината, но не кажа колку ќе чинат.

Конзорциумот на производителите „Турската групација за автомобилска иницијатива“ (TOGG) беше основан кон средината на минатата 2018 година, а го сочунуват „Anadolu Group“, BMS, „Kok Group“, „Zorlu Holding“ и мобилниот оператор „Turkcell“.