Ердоган и Папата разговараа за статусот на Ерусалим

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се стретна со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во понеделникот во Ватикан за да разговараат за ситуацијата на Блискиот исток, а особено за американската одлука за признавањето на светиот град Ерусалим за престолнина на Државата Израел.

Колоната на турскиот претседател запра на пустиот Плоштат на свети Марко, откако улицте коишто вообичаено се преполни со минувачи и туристи беа затворени од безбедносни причини. Во Рим поради посетата на турскиот лидер Реџеп Тајип Ердоган се распоредени околу 3.500 полицајци.

На почетокот од средбата, од којашто двете страни уште не излегоа со соопштение за јавноста, Ердоган на домаќинот му подарил керамичка минијатура од 24 парчиња изработена во ј’зник техника популарна во периодот на османскиот сулатан Сулејман Величествениот,како и примерок од поемите на средновековниот поет Руни преведени на италијански и англиски јазик. Папата Франциск возвратил со медал кој го претствува мирот.

Станува збор за прва посета на Светата столица од страна на некој турски претседател по 59 години. Средбата меѓу претседателот Ердоган и папата Франциск траеле еден час, пренесува турската новинска агенција Anadolu.

Во пресрет на средбата, кабинетот на Ердоган објави дека со папат Франциск ќе разговара за статусот на Ерусалим, односите меѓу Анкара и Ватикан, за Сирија и Ирак, за бегалците и хуманитарната помош, како и за тероризмот, ксенофобијата и исламофобијата.

„Мојот приоритет е Ерусалим“, рече Ердоган во интервјуто објавено во неделата во дневниот весник La Stampa.

Се очекуваше дека Ердоган на средбата ќе изрази задоволство од критиките на Папата на американската одлука за признавање на Ерусалим за израелска престолнина. Ватикан го поддржува решението со две држави во палестинско-израелскиот конфликт, со тоа што двете страни би се согласиле за статусто на Ерусалим, светиот град и за евреите, и христијаните и муслиманите, како дел од мировниот процес.

Ердоган и Папата телефонски разговараа во декември по објавата на Трамп и се согласија дека треба да се избегне секое менување на статусто на Ерусалим.

Пред средбата, медиумите пишуваа дека се очекува и Папата, кој постојано го изразува своето згрозување од војните и оружјето за масовно уништување, ќе ја спомене офанзивата која од 20-ти јануари во северна Сирија ја води Турција против тамошните курдски борбени формации.

Папата Франциск, поборник на меѓуверскиот дијалог, престојуваше во Турција во ноември 2014 година. Следната 2015 година се судри со Ердоган, откако како прво поглавар на Римокатоличката црква јавно го нарече геноцид – масакрот на 1,5 милиони Ерменци во 1915 година во рамките на Отоманското церство, што Турција редовно го негира и жестоко реагира.

Ердоган подоцна во понеделникот треба да се сретне и со италијанскиот претседател Серџо Матарела, како и со прмиерот Паоло Џентилони.