Свет

анкара и москва решителни за постигнување мир во сирија Ердоган и Путин договорија турско-руски-ирански самит во Истанбул

Ердоган и Путин договорија турско-руски-ирански самит во Истанбул

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега по должност Реџеп Тајип Ердоган се договорите во телефонски разговор во четвртокот наскоро во Истанбул да организираат средба на врвот на кој ќе учестуваат Турција, Русија и Иран, соопштија извори од кабинетот на турскиот челник, пренесуваат агенциите.

Овој самите е биде посветен на Сирија, а датумот на одржувањето уште не е одреден, додале изворите. Анкара, Москва и Техеран инаку од крајот на 2016 годна поведоа заедничка активност за помирување на конфронтираните страни во сирискиот судир кои тие ги поддржуваат.

Во телефонскиот разговор е „одлучено да се одржи вториот самит (по оној во руското летувалиште Сочи од 22-ри ноември – з.р.) во Истанбул, на кој ќе учетвуваат Турција, Русија и Иран“, рекле извори, пренесува агенцијата AFP.

Неименуван висок турски функционер изјавил дека времето на одржување на средбата на врвот на трите земји наскоро ќе биде познато.

Путин и Ердоган договориле и дека ќе ја зајакната соработката на воените и безбедносните служби на вете земји во Сирија о борбата против тероризмот, се наведува во соопштението на крем, коешто го цитира агенцијата Reuters.