Ердоган и Путин разговарале за турската операција во Сирија

Претседателите на Турција и на Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин, во текот на телефонскиот разговор дискутираа за планираната операција на турските вооружени сили во Сирија, се вели во соопштението од средата на администрацијата на турскиот челник.

„Нашиот претседател разговараше со Владимир Путин за планираната воеан операција источно од Еуфрат, којашто ќе придонесе за мирот и стабилноста во Сирија и ќе го отвори патот за политичко решение на ситуацијата во земјата“, се наведува во соопштението.

Се истакнува дека во текот на разговорот, Ердоган рекол оти приоритет на Турција е заштитата на правата и интересите на сирискиот народ.

„Нашиот претседател изрази благодарност за конструктивната позиција на Руската Федерација во овој процес“, се додава во соопштението.

Во телефонскиот разговор била истакната важноста за осигурува на суверениетот и територијалната целост на Сирија, соопшти малку подоцна Кремљ.

„Од двете страни беше истакната важноста за обезбедувавање на единственоста и територијалниот интегритет на Сирија, како и почитување на нејзиниот суверенитет“, се наведува во соопштението на службата за односи со јавноста на рускиот претседател.

Покрај тоа, како што додава Кремљ, Путин и Ердоган разговарале и за некои „важни прашања од билатералната соработка и, исто така, се сголасија за натамошни контакти на различни нивоа“.

Ердоган на 5-ти октомври објави дека наскоро ќе донесе одлука за воена операција на Турција во северна Сирија, источно од реката Еуфрат. Следниот ден САД соопштија дека американските трупи нема да учествуваат во турската операција и истовремено објавија повлекување од Сирија. Веќе на 7-ми октомври американскиот сојузник арапско-курскадата коалиција Сириски демократски сили (SDF) објавија дека американските сили се повлекле од границата со Турција во северна Сирија, кршејќи го договорот постигнат со курдскиет сојузници. Подоцна Вашингтон објави дека војските не се повлекуваат, туку оти станува збор за предислоцирање кон север, и оти станува збор само за педесет војници.

Главните цели на турската операција, којашто Анкара ја подготува уште од пролетта, е потиснување од граничната област силите на сириските Курди, и создавање на ткн безбедни зони во кои ќе се сместуваат околу четирите милиони сириски бегалци кои сега се на територијата на Турција.

Официјален Дамаск не ја признава прогласената автономија во североисточна Сирија, која ја контролира територијата источно од реката Еуфрат, и тамошното воено крило SDF. Сириската влада одржа неколку безуспешни рунди преговори со автономната курдска администрација. Истовремено, повеќепати го осудија како „окупација“ турското воено влегуввање на сириска територија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.