Ердоган и Роухани сакаат зајакнување на соработката во Сирија

Турскиот и иранскиот претседател во четвртокот во Анкара договорија зајакнување на соработката меѓу нивните земји во врска со Сирија и се воздражаа од реакции на одлуката на Вашингтон да ги повлече своите единици од оваа земја.

Средбата меѓу турскиот и иранскиот челник, Реџеп Тајип Ердоган односно Хасан Роухани во Анкара, беше планирана пред објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ги повлекуваа американските сили од Сирија. Тоа ги изненади западните сојузници и ги разочара сириските Курди кои имаа воена и логистичка поддршка од САД, а коишто Турција ги смета за терористичка група блиска на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) која повеќе од три децении води бунт против турската држава.

Шиитски Иран со Русија е сојузник на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, додека доминантно сунитска Турција ги подржува дел од сунитските бунтовници кои се борат за соборување на Асад. Трите земји се покровители на прицесот од Астана со кој треба да се најде политичко решение на сирискиот судир. Нивната соработка доведе до формирање ткн зони на деескалација, односно прекин на огнот меѓу бунтовнички фракции и владините сили.

„Има многуи мерки коишто Турција и Иран може заедно да ги преземат за ствање крај на судирите“, рече Ердоган на прес-конференцијата по средбата.

„Сите страни мора да ја почитуваат територијалната целокупност на Сирија. Нашите две земји се согласуваат во тој поглед“, рече Роухани и додаде дека протолжува соработката со Турција во рамките на процесот од Астана.

Двајцата челници се воздржаа да го коментираат повлекувањето на американските сили од Сирија, коешто во средата го најави Трамп со образложение дека е поразена џихадистичката организација Исламска држава.