Ердоган им додели медал на македонските спасувачи кои учествуваа во спасувањето на настраданите од земјотресoт во Турција

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска им додели медал на македонските спасувачи кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од катастрофалниот земјотрес што се случи на почетокот на февруари во Кахраманмараш и Хатај.

Во Националниот конгресен и културен центар во Бештепе турскиот највисок државен медал за пожртвуваност во име на државата го прими заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зулфиќар Зејнулаи.

На церемонијата на доделувањето на медалот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасијевски.

Во потрагата и спасувањето по катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција, покрај републичките сили на Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваа и припадници на Армијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.