Ердоган им се заканува на сириските сили во Идлиб

Турција планитра оваа седмица да ги потисне силите на сириската валда од своитие воени набљудувачки пунктови во северозападната сириска покраина Идлиб, порача во средата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, и покрај тоа што сириската армија продолжува со напредувањето со поддршјка на руските единици.

Речиси милион Сиријци се раселени во последните три месеца поради борбите меѓу вооружената опозиција која ја поддржува Турција и џихадистичките групации во Идлиб, од една страна, и сириските владини сили од друга сттрана. Последниот период во жестока офанзива со руска поддршка од воздух силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад остварија големи напредувања во последното упориште на бунтовниците и радикалните исламистички групации, по деветгодишната војна.

Турција од минатата година изведува воена операција на сириска територија во обидот да ги истисне единиците на сириските Курди од заедничката граница, а последниот периодт испрати илјадници војници и камиони со опрема за да им помогне на бунтовиците.

„Планираме до крајот на месецов да ги ослободиме напите набрудувачки пунктови од опкружувањето (на сириските владини сили), на овој или на оној начин“, истакна Ердоган во говорот пред пратениците на неговата Партија на правото и развојот (АКР).

Меѓутоа, силите на владата во Дамас продолжуваат со напредувањето. Во средата на југот од Идлиб заземаа неколку села, објави опозициската Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) чие седиште е во Лондон. Целта е градот Кафар Авид, со чиешто заземање би ги принудиле бунтовнциите да се повлечат од пошироката зона, вклучително и од нивното последно упориште во соседната покраина Хама.

Ердоган на 5-ти февруари првпат побара од сириските сили да се повлечат зад линиите на турските набљудувачки пунктови до крајот на февруари, заканувајќи дека во спротивно турските сило ќе ги потиснат. Турција има поставено 12 набљудувачки точки околу зоната на деескалација во Идлиб, според договорот од 2017 година со Русија и Иран, но некои сега се наоѓаат зад линиите кои ги држат сириските сили.

Сириските бунтовници со поддршка на турската војска оваа седмица го заземаа градот Наираб во Идлиоб, според бунтовнички и турски избвори, што би била првата област која повторно е заземена од сириските сили, но потврда засега нема. Сирискиет сили се проближуваат кон камповите за раселени во близина на турската граница, кои стравуваат дека ќе се најдат меѓу двата огна.

Турциски и руски претставници подоцна во средата во Анкара ќе го одржат третиот круг од разговорите за намалување на тензиите во регионот. На досегашните преговори немаше напредок.

Иако во Москва има оптимизам, неименуван турски фунцкионер за Reuters рекол дека резултати не се очекуваат пред самитот на Турција, Русија и Иран на 6-ти март. Ердоган во средата рече и оти се надева дека наскоро ќе бида и решено прашањето на користење на воздушниот простор над Идлиб, кој во моментов го контролираат руските сили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.