Ердоган ја повика Централната банка на Турција да ги намали каматните стапки

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја повика денеска Централната банка на Турција под итно да повика вонредна седница и да ги намали каматните стапки.

По неговиот апел, вредноста на лирата се зголеми на 2,1460 долари за разлика од 2,1350 долари, пренесува Ројтерс.

На вонредното заседание во јануари, Централната банка на Турција ја зголеми каматната стапка и покрај притисокот на Владата да ја задржи на ниско ниво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.