Ердоган ќе ја разгледа идејата за купување на руските „Су-35“, извори

Су-35

Да се зборува за турска набавка на руските борбени авиони од типот „Си-35“, сѐ уште е прерано, а оцена за овој предлог ќе направи претседателот Реџеп Тајип Ердоган, изјавил турски воен извор за руската агенција РИА:

САД во средата вечерта објавија дека поради набавката на руските ракетни противводушни системи „С-400“ ја исклучуваат Турција од заедничката програма за дизајнирање на ловецот-бомбардер од петтата генерација „F-35“, од кој Анкара требаше да добие стотина примероци. Во четвртокот потоа директорот на руската државна воена корпорација „Ростех“, Сергеј Чемезов, за новинарите изјави дека Русија е подготвена како замена на Турција да ѝ испорача авиони од моделот од повеќефункционалниот ловец „Су-35“, доколку Анкара покаже интерес за тоа.

„Сѐ уште е пререно да се зборува за купување од страна на Турција на руските лови ‘Су-35’. Процената за ваква важна тема ќе ја даде нашиот ценет претседател. Тој ќе се јави со соодветна изјва“, рекол неименуваниот соговорник на агенцијата.

Министерството за надворешни работи на Турција во четвртокот ги повика САД да ја повлечат одлуката за исклучување од програмата „F-35“ до март 2020 година.

Суперсоничниот руски ловец од генерацијата „4 ++“, „Су-35С“ е развиен на основа на претходникот „Су-27“. Масата на ова летало управувано од еден пилот изнесува 19 тони, практичен лимит на височина на летот, 20 илјади метри, со максимална брзина од 2.500 километри на час. Вооружен е со авионски топови со калибар 30 мм, а може да понесе до 8 тони борбен товар, ракети и авионски бомби од различен тип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.