Ердоган: Крим мора да ѝ биде вратен на Украина

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјавил дека Анкара го поддржува територијалниот интегритет на Украина и ја отфрлил „руската анексија“ на Крим од 2014 година, пренесува телевизијата CNN повикувајќи се на државната агенција Anadolu.

Ердоган во видео порака на вториот состанок на ткн Кримска платформа, одржан во вторникот во Киев во жива и онлајн, порачал дека црноморскиот полуостров Крим „мора да се врати во Украина“.

Киев не сака да преговара за својата територија која е под контрола на руските и проруските сили и сака да ја „ослободи“, како и територијата која осум години е под контрола на мнозинското руско и рускојазично население на истокот, како и на црноморскиот полуостров Крим каде со огромно мнозинство тамошното руско население по превратот во Киев во 2014 година со два референдума ја врати автономијата укината во 1990-те со осамостојувањето на Украина и се врати во составот на Русија од кој е изнесена во 1954 година со указ на тогашниот советски водач Никита Хрушчов, етнички Украинец. Но Западот го смета за руско нелегална анексија на украинска територија.

„Турција не ја признава анексијата на Крим и отворено од почетокот зборува дека тој чекор е нелегитимен и незаконски. Тоа е принципиелен став кој нема само правни, туку и морални основи. Враќањето на Крим на Украина, чиј неодвоив дел е, ќе биде барање според меѓународното право“, рекол Ердоган.

Истакнал дека Анкара ќе продолжи да ја поддржува Кримската платформа, која е воспоставена пред две години за наводно да го реши Крим на мирен начин, иако украинскиот претседател Владимир Зеленски најавува противофанзива со која ќе украинската војска ќе го заземе полуостровот.

Турскиот претседател истакнал дека „заштитата на украинскиот територијален интегритет, суверенитет и политичко единство е клучно не само за регионалната, туку и за глобалната безбедност и стабилност“. „Еден од турските приоритети е да се гарантира сигурност и добросостојба на нашите сонародници кримските Татари“, рекол Ердоган.

Анкара одржува контакти и со претставникот на кримските Татари кој е лојален на Киев и со асоцијацијата на оваа етничка заедница кои се лојални на руските власти, а кои во време на Советскиот сојуз тогашната украинска тајна служба ги иселувала од полуостровот во централноазиските републики.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.