Ердоган: Можно е отворање на ново поглавје во односите меѓу Анкара и Атина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази очекување дека неговата посета на Грција следната недела ќе отвори ново поглавје во односите меѓу Анкара и Атина, јавија денеска турските медиуми.

Тој додаде дека Турција се обидува „да стекне повеќе пријатели и помалку непријатели“.

По враќањето од Обединетите Арапски Емирати, Ердоган изјави дека има разлики во мислењата меѓу Турција и Грција за некои прашања, но оти има простор за подобрување на односите за други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.