Ердоган му порача на Макрон „да си го провери мозокот“ по неговите дијагнози за НАТО

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја коментираше во петокот изјавата на францускиот колега по должност Емануел Макрон за „мозочната смрт“ на НАТО.

Францускиот претседател во интервјуто од 7-ми ноември за британскиот магазин The Economist, меѓу другото, рече дека „Она низ што моментално минуваме, тоа е мозочна смрт на НАТО“.

Макрон со тоа реагираше на два големи товара за Алијансата, САД и Турција. Првиот одлучи делумно да ги повлече силите од Сирија без за тоа да ги предупреди сојузниците. Вториот, пак, интервенираше на северот од Сирија против курдските сили кои беа сојизници на Западот во борбата против Исламската држава.

„Не постои никаква координација на стратешките одлуки на САД со партнерите во НАТО, а сведоци сем на агресијата којашто ја спроведува друг партнер во НАТО, Турција во зоната во којашто во игра се нашите интереси, без координација“, рече тогаш Макрон порачувајќи дека Анкара не може да смета на солидарност и поддршка од Алијансата поради оваа оперција во Сирија.

Овој директен напад подигна голема врева и веднаш беше осуден од страна Вашингтон и Анкара, но и Германија, Велика Британија и источните членки. Германската канцеларка Ангела Меркел и генералниот секретар на НАТО, Јесн Столтенверг, изјавија дека не ги споделуваат со Макрон ваквите остри оцени.

„Не знам што значи за НАТО Франција, но Турција за НАТО е многу важна земја. Макрон изјави за мозочна смрт на НАТО. Почитуван Макрон, ти прво провери го сопствениот мозок, затоа што ваквите изјаво се карактеристични само за оние кај коишто, како кај тебе, мозокот умрел“, го цитира телевизијата NTV турскиот претседател Ердоган.

Турскиот челник оценил дека францускиот претседател нема искуство во борбата со тероризмот и „токму затоа ‘Жолтите елеци’ ја окупираа“ земјата.

„Која е вашата работа, да ја избркате Турција од НАТО или не? Развивате ли носење вакви одлуки? Скокајте колку што сакате, но ќе го почитувате суверенитетот на Турција“, рекол Ердоган и притоа истакнал дека безбедноста на Турција значи и безбедност на Европа.