Ердоган најави одлука што ќе ја шокира Шведска за членството на Финска во НАТО

Турција може да донесе одлука за членство на Финска во НАТО којашто ќе шокира Шведска, изјави меѓу другото во неделата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на средба со младите во градот Билеџик.

„Ако е потребно, можеме да испратиме поинаква порака во врска со Финска. Шведска ќе биде во неверување кога ќе испратиме поинаква порака за Финска“, рече Ердоган одговарајќи на прашање за кандидатурата на двете нордиски земји за членство во НАТО во текот на средбата со младите пренесувано на телевизијата.

Оваа изјава всушност е првото најавување на официјална Анкара да навести дека за финската кандидатура е подготвена да разговара одвоено од шведската. Ердоган во понеделникот порача дека Шведска не може повеќе да смета на поддршката од Турција за влез во НАТО, откако данско-шведскиот антиисламистички екстремист го запали Куранот на најавен протест кој го одобрија шведските власти.

Турција на неодредено време ја одложи трилатералната средба со Шведска и Финска закажана за февруари, по неколкуте инциденти во шведската престолнина Стокхолм во кои беше обесена кукла со ликот на претседателот Ердоган и запалена светата муслиманска книга Куранот.

Без да го споменува тој инцидент, турскиот претседател ги повтори своите забелешки за Шведска во врска со барањата на Анкара да ѝ ги предаде лицата кои во Турција се гонат под обвинувања за тероризам, а кои уживаат политички азил во скандинавската земја.

„Им кажавме: Доколку сакате да влезете во НАТО, мора да ни ги предадете тие терористи. Им дадовме листа со имињата на 120 луѓе (…) Но тие само ни се потсмеваа велејќи дека го измениле Уставот“, рече Ердоган.

Ден претходно шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром изјави дека во заднината на инцидентите, процесот за влез на неговата земја во Алијансата е прекинато. Истовремено, изрази надеж дека на самите на министрите за надворешни работи на земјата членки на НАТО во јули ќе бидат постигнати неопходните договори со Турција.

Од своја страна, финскиот министер за надворешни работи Пекка Хаависто дозволи можност за продолжување на разгледувањето на апликацијата на земјата за членство во НАТО засебно од Шведска, но потоа ја повлече изјавата. Истовремено, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Анкара не добила од Хелсинки предлог во таква смисла.

Анкара и уште неколку муслимански престолни остро протестираа против дозволата за протест на кој беше најавено палењето на Куранот близу турската амбасада во Стокхолм. Шведските власти изразија жалење поради тој „крајно непристоен“ чин и изразија „солидарност“ со муслиманите, истакнувајќи дека шведскиот Устав забранува такви постапки, што сепак не успеа да го стивне гневот на Анкара.

Шведска и соседна Финска, по долгите години декларативна воена неутралност и тесната воена соработка со НАТО во мај минатата година конечно официјално побараа влез во Северноатлантската воена алијанса, образложувајќи го тоа со наводната инвазијата на Русија во Украина. Но сите 30 членки на НАТО мора да го ратификуваат членството на двете земји, Унгарија тоа ќе го стори во февруари, но Турција се противи особено во случајот со Шведска.

Турција ја обвинува Шведска за пружање поддршка на терористичките групи, како што е Работничката партија на Курдистан (PKK), која како терористичка групација е и на листите на САД и Европската унија, а од 1980-те води сепаратистичка војна против турската држава.

Анкара, исто така, го обвинува Стокхолм за давање политички азил на припадниците на организациите на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во егзил во САД – FETO која е обвинета за неуспешниот воен преврат во јули 2016 година и бара од двете земји да им го укинат политичкиот азил даден на нивни членови против кои има отворено истраги или судски процеси.