Ердоган најави укинување на многу ограничувања на 1 јуни

Турција ќе ги укине ограничувањата на меѓу градските патувања и ќе им овозможи на рестораните, кафулињата, парковите и спортските објекти повторно да се отворат од 1 јуни, по ограничувањата наметнати за спречување на појавата на коронавирус, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган. Исто така, ќе бидат отворени и музеите и плажите, а државните службеници ќе започнат со редовна работа, рече тој по состанокот на кабинетот за видео конференција. Ограничувањата ќе останат во сила на движењата на оние на возраст над 65 години и под 18 години.

Од коронавирусот во Турција починаа речиси 4.500 луѓе, а над 160.000 се инфицирани. Економијата се очекува да влезе во рецесија како резултат на мерките за ограничување, но Ердоган вети дека ќе има брзо закрепнување. „Ајде дефинитивно да носиме маски, да одржиме физичка дистанца и да обрнеме внимание на хигиената. Овие се три основни работи за нас“, рече тој.