Ердоган најави можна соработка со Русија на развој на системот С-500

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави во саботата можно заедничко производство со Русија, на противвоздушните ракетни систми „С-500“, откако на Анкара ќе ѝ бидат испорачани договорените две батерии од системот „С-400“.

„Во врска со С-400 договорот е заклучен, и според него испорката треба да започне во јули, а можеби и порано. Русија ни понуди многу добри услови. Потоа ќе разговараме за С-500, вклучувајќи го и нивното заедничко производство, како што е и со С-400“, изјави Ердоган на средба со младината од владејачката партија, која ја пренесуваше приватната телевизија NTV.

Изјавата на турскиот челник доаѓа ден откако САД најавија дека ќе ги намалат царините на увозот на челик од Турција, поништувајќи ја со тоа минатогодишната одлука, донесена во атмосфера на дипломатскиот спор и крајно влошените односи меѓу двете најголеми воени сили во рамките на НАТО пактот, од кои една од причините беше токму договорот на Анкара со Москва за напредните противвоздушни системи.

Турската страна повеќепати истакнуваше дека на тоа била принудена поради притисокот од западнатите партнери да се откаже од сличниот договор со Кина и откако од сојузниците беше одбиена за набавката на исти ракетни системи. Поради тоа во јуни минатата 2018 година американскиот Сенат ја усвои својата верзија од нацрт-буџетот за 2019 година. Таа предвидува запирање на учеството на Турција во производствената програма на петтата генерација американски борбени авиони од моделот„F-35“. Турција во споменатиот проект учествува задно со уште осум земји. Нејзиниот удел во развојот требаше да изнесува околу 11 милијарди долари. Од оваа сума Анкара во проектот веќе вложи околу 800 милиони долари, а во замена за тоа САД требаше да ѝ испорачаат сто авиони

Во саботата вечерта Ердоган потврди дека САД веќе ѝ испорачале на Анкара пет борбени авиони „F-35“, на кои во Американ се обучуваат турски пилоти. Турскиот претседател притоа изрази уверување дека Вашингтон ќе ги исполни сите обврски кон неговата земја во рамките на програмата за овој модел авиони.

Претходно седмицава официјална Анкара порача дека нема да се откаже од плановите да ги купи руските системи „С-400“, иако американски медиуми најавија одложување, па дури и можност Турција да се откаже од договорот. Анкара, исто така, потврди дека првата група системи за противвоздушна одбрана ќе влезат во јули. САД тврдат дека „С-400“ не се компатибилни со стандардите на НАТО, и оти се дизајнирани против леталата на алијансата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.