Ердоган нареди протерување на сите амбасадори кои бараа ослободување на активистот Кавала

Турскиот претедател Реџеп Тајип Ердоган изјави во саботата дека наредил „што поитно“ протерување на десет амбасадори, меѓу кои се американскиот, францускиот и германскиот, кои бараа ослободување на опозицискиот активист Осман Кавала.

„Му наредив на нашиот министер за надворешни работи што поскоро да ги прогласи тие десет амбасадори за непожелни личности. Овие дипломати порад а ја познаваат и да ја разбираат Турција“, изјави Ердоган без да прецизира до кој датум би требало да ја напуштат земјата и ги обвини за „непристојност“.

Ретката мерка во меѓународните дипломатски односи прогласувањето на амабсадор на странска земја за непожелна личност отвора пат за нивни протерување или отповикување од татковината.

„Од утро до ноќ дипломатите повторуваат Кавала, Кавала… Но тој за кого зборувате, Кавала е агент на Сорос во Турција“, рече Ердоган зборувајќи за американскиот милијардер и берзански шпекулант од еврејско-унгарско потекло Џорџ Сорос, со кој редовно го споредува Осман Кавала.

Кавала, познат турски издавач и мецена, е противник на власта на Ердоган кој четири години во притвор го чека почетокот на судењето, е обвинет дека се обидува да ја дестабилизира Турција.

Во соопштението објавено во понеделникот вечерта Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и САД повикаа на „праведно и брзо решение на аферата со Осман Кавала“.

Веднаш следниот ден по нивното заедничко соопштение, во вторникот напладне, амбасадорите на овие десет земји беа повикани кај турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој нивното заземање за Кавала го нарече „неприфатливо“ мешање во внатрешните работи на земјата.

Дипломатите во спортното соопштенија оценија дека „континуираното доцнење на неговото судење… фрла сенка на почитувањето на демократијата, владеењето на правото и транспарентноста на турскиот правосуден систем“.