Ердоган:не очекувам санкции од САД поради С-400

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека не очекува САД да и наметнат санкции на Турција, поради планираното купување на руски ракетен одбранбен систем. На прес конференцијата за странски новинари во Истанбул, Ердоган повтори дека е постигнат договор за купување на рускиот систем С-400 и нагласи дека САД треба внимателно да размислат доколку одлучат да воведат санкции на членките на НАТО.

„Не гледам никаква можност да дојде до санкции. Но, aко дојде до тоа, ние ќе преземеме наши санкции“ рече Ердоган.

Турскиот претседател истакнал дека ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп на самитот Г20 што ќе се одржи на крајот од месецов во Јапонија.