Ердоган: Нова фаза во односите меѓу ЕУ и Турција

Започната е нова фаза во односите меѓу Европската унија и Турција, истакнал премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во претседателската палата во Анкара по потпишаниот договор меѓу Брисел и турската страна за олеснување на визниот режим и реадмисија на илегалните имигранти, пренесува „ИТАР- ТАСС“.

„Кога ЕУ ќе укине визниот режим за турските граѓани, ниту Турција, ниту земјите-членки на ЕУ ќе се соочат со било какви проблеми. Од друга страна укинувањето на визите е важен чекор во нашите односи. Турските претприемачи, културни дејци, спортисти, како и претставници на јавни организации, ќе можат побрзо и мирно да патуваат од една во друга земја. Секогаш сум велел дека ние не доаѓаме за да бреме нешто од ЕУ, ние доаѓаме, за да го споделиме товарот што го носат“, рекол Ердоган.

Европската унија и Турција денеска во Анкара потпишаа договор за реадмисија. Тоа ќе им овозможи на земјите од Унијата да ги враќаат во Турција илегални имигранти. Оваа правило сепак нема да важи за оние имигранти кои веќе се наоѓаат на територијата на Унијата и нема да стапи во сила веднаш, пренесуваат локалните медиуми.

Договорот што се подготвува со години, доби напредок пред десетина дена, кога во Брисел еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром и турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу договорија датум за потпишување.

Во замена за потпишување на договорот Анкара за возврат побара олеснување на визниот режим за турските граѓани и забрзување на преговорите за членство во Европската унија.