Ердоган објави дека една од турските вакцини против коронавирусот ќе биде тестирана на луѓе

Турските лекари кои ја развиваат вакцината против новиот коронавирус, добија дозвола за спроведување клинички испитувања на луѓе, објави во неделата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„Според Светската здравствена организација, Турција заедно со САД и Кина, е една од трите држави кои развиваат сопствена вакцина против коронавирусот…. Две наши вакцини успешно ги минаа тестирањата врз животни, а една од нов доби дозвола за клинички испитувања врз луѓе“, го цитира агенцијата Anadolu претседателот Ердоган кој говорел на церемонијата на отворањето на Центарот за усовршување при Институтеот за индистристкото управување на Турција (TÜBİTAK).

Спроед Ердоган, лекарите под покровителство на TÜBİTAK, работата на развој на 8 вакцини и 10 лекови против коронавирусот.

На крајот од јули турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека Турција одржува конакти со Русија и со Кина за создавање вакцина против вирусот SARS-CoV-2.

Во продолжение турскиот претседател се осврнал и на изгледите за развој на домашната одбранбена идустрија во Турција. Ердоган истакнал дека уделот на домашните технологи иво турската добранбена индустрија изнесува 70 отсто.

„Благодарејќи на напорите на Центерот зе еколошки истраживања при Институтот за истражувања и развој на одбранбената индустрија сите испитувања, во прв ред во вооружувањето, ќе бидат спроведувани во нашата земја во согласност со меѓународните стандарди… Мечтаеме Турција да ја направиме една од водечките земји во 21-от век.