Ердоган објави дека се ликвидирани 109 терористи од почетокот на операцијата во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави во четвртокот за ливидирани „109 терористи“, од почетокот на турската воена операција во североисточна Сирија.

„Вчера започна операцијата. Започна артилеријата, потоа авијацијата, доцна вечерта влегоа копнените сили. Во моментов се убиени 109 терористи, има многи ранети и предадени. Таму започнаа црна пропаганда поротив Турција, наводно дека бомбардирала цивили. Ви ги напашате цивилите, бескрупулозно. Преземаме мерки против црната пропагнада, ја известуваме јавноста за секој наш чекор“, изјави Ердоган во текот на својот говор во Анкара.

Турскиот претседател во средата го објави поетокот на операцијата наречена „Извор на мирот“ на северот од Сирија против сириските Курди кои ги смета за сојузници на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), како и против ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава. Истиот дена турската авијација изврши напад врз градот Рас ал-Ајин во сириската провинција Хасека.

Подоцна во текот уште еден сириска пограничен град Тел Абијад, беше цел на турското воздухопловство. Вечерта турската армија објави дека започнат е и копнениот дел од операцијата. Според последните информации на турското министерство за одбрана, војската од почетокот на операцијата нападнала 181 цел на курдските сили во северна Сирија.

Според сириската државна телевизија, во турското гранатирање на покраничните градови Рас ал-Ајин, Камишли, Дарбасија и ал-Машраф, загинале осум цивили, а дваесетина биле ранети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.