Ердоган објави дека турските сили ја уапсиле сопругата на ал-Багдади

Турските сили кои се ангажирани во контроверзната операција во североистична Сирија ја уапсиле сопругата на ликвидираниот водач на џихадистичката организација Исламска држава, изјави во средата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, една седмица откако Абу Бакр ал-Багдади беше ливидиран во акција на американските специјалци.

„САД рекоа дека ал-Багдади се убил во тунел. На тоа изградија комуникациска кампања. Но тука првпат објавувам: Ја уапсивме неговата сопруга и од тоа не направивме спектакл како нив. Исто така, ги уапсивме и неговата сестра и зетот“, рече Ердоган во излагањето на универзитетот во Анкара.

За апсењето на сопругата на ал-Багдати, Ердоган не сакал да даде поединости.

Висок турски функционер минатот понеделник ноќта за агенциите Associated Press и Reuters изјави дека во градот Азаз во северната сириска покраина Алепо била уапсена постарата сестра на ал-Багдади, 65-годишната Расмија Авада, заедно со нејзиниот сопруг, снаа и пет деца. Изворот рекол дека Авад е осомничена за поврзаноста со џихадистичката мрежа и оти од неа може да се добијат драгоцени разузнавачки информации за структурата на Исламската држава.

Ал-Багдади, ирачки џихадист кој ја напушти екстрамната мрежа Ал Каеда и се прогласи за „калиф“ на сите муслимани како водач на Исламската држава, по загинувањето е заменет со Аби Ибрахим ал-Хашеми ал-Курејши, за кого САД отворија истрага за го утвдат неговиот вистински идентитет и потекло, како и неговото досегашно делување.

Минатата седмица американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека две сопруги на ал-Багдади во нападот во кој тој се уби деторнирајќи самоубиствен елек. Исламската држава потоа потврди дека е убиен и неговиот портпарол Ани ал-Хасан ал-Мухаџир.