Ердоган порача дека Турција не може да прифати повеќе бегалци

Турција не може да си дозволи да прифаќа повеќе бегалци од Сирија, изјави во петокот турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган текот на самитот о претседателите на Русија и Иран, Баладимир Путин односно Хасан Роухани во Техеран.

Турција прифати 3,5 милиони бегалци од Сирија од почетокот на војната во оваа земја којашто влее во осмата година. Ердоган во јуни вети дека ќе им помогне на бегалците да се вратат дома.

Ердоган во иранската престолнина денеска истакна дека мора да се преземат чекори за да се спречи понатамошна миграција од Сирија.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните прашања проценува дека ако се преземе офанзива, околу 800.000 луѓе ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови.