Ердоган порача: Ако сака крај на мигрантската криза, ЕУ мора да ги поддржи турските иницијативи во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече во средата дека Европската унија би требало да ги поддржи иницијативите на Турција за решавање на конфликтот во соседна Сирија, доколку сака да заврши мигрантската криза.

„Доколку европските земји сакаат да го решат проблемот, тогаш би требало да ги поддржат политичките и хуманитарните напори на Турција во Сирија“, изјави Ердоган.

Пораката на турскиот претседател дојде во периодот откако новиот голем мигрантски бран се обидува од Турција да се прелие во земјите од Европската унија, по одлуката на Анкара да ги отвори своите граници со Грција.

Во својот говор во Анкара во средата, Ердоган европските земји ги обвини за „кршење“ на човековите права, бидејќи „претепуваат, го спречуваат истоварувањето и дури пукаат“ врз мигрантите кои се обидуваат да дојдат до Европа.

Претходно Грција ги демантираше обвинувањата од Турција дека убила неколку мигранти кои се одбидувале насилно и нелегално да минат на грчка територија.

Турција, којашто настојува да издејствува помош и поддршка за своите повеќемесечни воени активности Сиријаво однос на владата во Дамаск и нејзината сојузничка Русија, објави во петокот дека ја отвора границата кон Грција, за да им овозможи на бројните имигранти кои се наоѓаат на турска територија да тргнат кон Европа.

Повеќе еверопски челници ја осудија оваа постапка на Анкара, обвинувајќи ги турските власти за уценување. Денеска попладне е најавена средба на Ердоган и престедателот на Своетот на ЕУ, Шарлс Мипел.