Ердоган потврди дека го предупредил Трамп оти Турција нема да се откаже од руските С-400

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во вторникот дека во текот на разговорите во Вашингтон минатата седмица на американскиот претседател Доналд Трамп му потврдил дека Турција нема да се одкаже од руските системи за противвоздушна одбрана С-400, и покрај критиките од сојузниците во НАТО.

Анкара и Вашингтон подолг период се во кавга поради купувањето на руските ракетни системи С-400, за кои САД велат дека не се компатибилни со одбраната на НАТО и претставуваат закана а неговите борбени авиони „F-36“. Како одговор, САД ја суспендираше Трција од програмата за овие авиони во кои беше и инвеститор, купувач и проиводител и предупреди на можни санкции.

Минатата седмица Ердоган и Трамп се сретнаа во Белата куќа за да ги надминат сѐ поголемите разлику по многу прашања, од С-400 до политиките кон Сирија. Во текот на разговорот Трамп повторно го повикал Ердоган да се откаже до рускиот ракетен систем, и наместо нив да набави американски системи „Patriot“ кои пред неколку години беа повелечени од Турција, а потоа ѝ беа понудени по многу повисока цена.

Ердоган во вторникот рече дека во текот на нивниот разговор на Трамп му рекол дека нема да ги отфрли системите С-400.

„Се согласуваме дека ќе бараме решенија по прашањето на С-400. Уште еднаш му објаснив на Трамп како дојдовме до тоа да ги купиме системите С-400. Му кажав дека не можеме да се откажеме од С-400, како и дека Труција нема да се предомисли“, рече Ердоган.

Ердоган ова ги соопшти говорејќи пред сопартијците во парламентот. Исто така, го повтори предупредувањето дека Турција ќе бара борбени авиони од други земји, доколку САД продолжат да го блокураат купувањето на „F-35“.

„Доколку потрае бескомпримисниот став за F-35, ќе му кажеме (на Трамп), дека Турција ќе побара алтернативи за да ги исполни своите среднорочни потреби“, порача Ердоган.

Турција во ноември 2015 година, токму во периодот на заострувањето на односите со Русија, го откажа големиот договор во износ од 3 милијарди евра две години претходно ѝ беше доделен на Кина, за да ја опреми турската армија со проектили „земја-воздух“, а беше предвидено и заедничко производство, на што се спротиставуваше Вашингтон. Договорот склучен во 2013 година на големо изненадување, особено на западните сојузници на Турција од НАТО, го доби компанијата „China Precision Machinery Export-Import Corporation“ (CPMIEC), што предизвика жестоки реакции на САД. Турција под притисокот од сојузниците во НАТО две години подоцна реши да го поништи договорот, наводно поради оглушувањето на кинеската страна да ја усогласи својата технологија во текот на повеќемесечните преговори. Оттоаш Анкара планира да „произведува сопствени ракети, со поддршка на светски признат систем во вооружувањето“.

По доделувањето на зделката за набавка на ракетен систем на Кина во 2013 година и загрижените предупредувачки реакции на САД и на НАТО, Турција тогаш објави дека за тоа е во преговори со Франција, чијашто понуда била полоша од кинеската, но владата откри дека немало нови понуди од западните земји. Системот требаше да биде интегрирани во одбранбениот комплекс на Турција и да се користи без интегрирање во НАТО.

Тендерот за набавка на противвоздушен ракетен систем со долг дострел, инаку Турција го објави уште во 2009 година, а во септември 2013 година беше објавено дека најдобра понуда дала кинеската компанија CPMIEC, која ги победи американските, европските и руските конкуренти. САД тогаш изразија загриженост од тоа што Турција како членка на НАТО се одлучила да соработува со кинеската компанија „China Precision Machinery Import & Export Corp“ (CPMIEC), компанија којашто е под американски санкции поради наодното прекршување на договорот за неширење оружје, односно воена соработка со Иран, Северна Кореја и со Сирија. Притисокот од НАТО врз Анкара предизвика резултатот од оваа понуда за јавна набавка да биде поништен. Меѓу другите, овој тендер претендираа да го добијат американската компанија „Raytheon & Lockheed Martin“ и европскиот концерн „Eurosam“.

Експертите сметаат дека со овој потег Турција сакаше да обезбеди самостојна заштита во регионот, од опасностите кои за неа потенцијално ги претставуваат немирниот Ирак и Курдите кои таму добија автономија а може да се случи тоа да го сторат и во соседна Сирија кои би соработувале со турските Курди кои сакаат отцепување, потоа секогаш непријателски расположената Сирија, како и Иран, кој и покрај некои приближување сѐ уште нема воспоставено потопли односи со Анкара. Се сметаше, исто така, дека со самото тоа што Турција ќе соработуваше со Кина, тоа ќе значи и дека ќе биде насочена на соработка и со Русија, имајќи предвид дека најавениот кинески систем за противракетна одбрана се темели на застарена руска технологија, и за негово модернизирање Анкара ќе треба да ѝ се обрати директно на Москва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.