Во 2012-тата Анкара ја обвини Сирија за соборувањето на турскиот Ф-4 Фантом. Авионот падна во средозменото море откако го наруши сирискиот воздушен простор каде беше погоден. Ердоган реагираше бурно и ја обвини сириската војска за „избрзан одговор“.
Краткотрајното нарушување на воздушниот простор никогаш несмее да биде изговор за напад, изјави Ердоган во парламентот по инцидентот.
Сепак во случајот со рускиот „Сухои“, беа доволни само 17 секунди нарушување на воздушниот простор за турската војска да го собори бомбардерот.
Инаку властите во Атина пред две недели соопштија дека 8 турски авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор и тоа 19 пати. Овие инциденти се зачестени од 2013-тата година, а само минатата година Турција го нарушила грчкиот воздушен простор неверојатни 1.017 пати.