Ердоган предупредува на закани за Европа ако падне либиската влада

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предупредил на зајакнувањето на исламистичкиот тероризам во случај либиската влада, која е призната од ОН, да падне. “Европа ќе се соочи со нова низа проблеми и закани ако легитимната либиска влада падне”, напишал Ердоган во денес објавениот текст за порталот “Politico”.

Турскиот лидер навел дека терористичките организации како ИСИС и ал-Каида имаат корист како дојде до тоа.

“Организациите кои претрпеа воени порази во Сирија и Ирак ќе пронајдат плодно земјиште повторно да застанат на нозе”, напишал Ердоган.