Ердоган разговараше со челниците на Иран и Ирак, Роухани му порача сплотување против САД

Во саботата ширум светот се водат интензивни дипломатски активности чијашто цел е да се спречи директен воен конлфикт меѓу САД и Иран по американската ликвидација на влиајтелниот ирански командант Касеми Сулејмани во петокот во Багдад,

Генералот Касем Сулејмани, командант на елитните ирански сили Ал Кудс кои се дел од ранската Ревелуционерна гарда, беше убиени во американски напад со дрон на багдадскиот аеродром, на што Техерен предупреди дека ќе им возврати на САД.

Во напорите за намалување на тензиите во регионот, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во саботата разговараше со неговите ирански и ирачки колега, Хасан Роухани однсо Берхам Салех, објави кабинетот на турското претседателство.

„Нашиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска оствари телефонски разговори со претседателите на Иран и на Ирак. Во текот на разговорите, соговорниците разговараа за најновите случувања во региониот, како и за развојот на билатералните односи“, се навле извори од Анкара без да соопштат поединости.

Истовремено Техеран објави дека иранскиот претседател Роухани во текот на телефонскиот разговор со Ердоган изјави дека е неопходно заедничко истапување пред САД, за да не се дозволи „подрски“ акции по смртта на генералот Сулејмани.

„Нашето молчење против агресивните дејствија може да доведе до поголема дрскост во преземањето агресивни чекори“, му рекол Роухани на Ердоган истакнувајќи ја потребата од „едногласно спротиставување на американската агресија, којашто претставува голема закана за регионот“.

Во текот на денот францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ледријан соопштио дека ситуацијата на Блискиот исток разговарал со германскиот и кинескиот колега.

„Се согласивме дека е важно да се сочува стабилноста и суверенитетот на Ирак, како и на целиот регион, како и дека Иран мора да го избегне новот кршење на Виенскиот договор“, рече Ледријан по разговорите со германскиот шеф на диплоамтијата Хеико Мас и кинескиот Ванг Ји.

Ји, истот така, разговарал со иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф и порача дека САД мора да престанат да ја злоупотребуваат воената сила и наместо тоа да бараат решенија преку дијалог.

„Ризичното однесување на американската војска ги крши основните норми на меѓународните односи и ја зголемува тензијата во регионот“, рекол Ји.

Со Зариф разговарал и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, соопшти руската дипломатија. Лавров изразил сочувство за убиството на Сулејмани. „Министрите истакнаа дека ваквите потези на САД тешко ги кршат нормите на меѓународното право“, се додава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.