Ердоган се надева дека во Глазгов ќе се сретне со Бајден

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој се повлече од одлуката да протера десет западни апамбасадори меѓу кои и амбасадорот на САД, изјави во средата дека се надева дека следната седмица во шкотски Глазгов ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

Односите меѓу Турција и САД повеќе години се танзични, како и односите меѓу претседателите на двете земји, особено отккао Анкара купи и дополнителни протвоздушни системи од Русија и покрај противењето од НАТО чијашто членка е и самата, но дури откако членките не ѝ помогнуваа со години да го реши овој пробле во својата одбрана ја натераа да се откаже од договорот во таа сфера со Кина и ги повлекоа своите противоздушни батерии од турската територија и тоа во првите години од војната во соседна Сирија.

„Се чини дека ќе се сретнеме во Глазгов пред тоа да се случи во Рим“, изјави Ердоган за новинарите во авионот со кој се враќаше од посетата на Азербејџан.

Турскиот претседател треба да учествува на два меѓународни настана кои започнуваат до крајот на седмицава: самитот на Г20 кој во сабота ќе биде отворен во Рим, а потоа ја конференцијата на Обединетите нации од недела во Глазгов.

Ердоган и Бајден се сретнаа на самитот на НАТО во јуни, но американскиот претседател не го прими турскиот колега во септември кога во Њујорк се одржуваше Генералното собрание на ОН.

Ердоган во понеделникот се откажа од протерувањето на десет западни амбасадори кои на 18-ти октомври во заедничко соопштение ја критикуваа Турција и бараа итно ослободување на турскиот претприемач Осман Кавала, кој во притвор четири години го очекува почетокот на своето судење. Кавала, познат турски издавач и мецена, е противник на власта на Ердоган и е обвинет дека се обидува да ја дестабилизира Турција, и се доживува како „агент“ на Џорџ Сорос.

Анкара има заладени односи со Вашингтон глвавно по прашањето на рускиот противракетен систем С-400, и поради тоа ѝ беа воведени низа санкции а и не и се испорачани платените американски борбени авиони „F-35“ во чие производство и финансирање учествуваше и Турција.

Ердоган неодамна рече дека САД на Турција ѝ предложиле продажба на борбени авиони од типот „F-16“ во замена за претходните инвестиции за развој на програмата „F-35“, од која Анкара беше исклучена. Агенцијата Reuters претходно во октомври објави дека Турција од САД побарала купување 40 авиони „F-16“ на американскиот производител „Lockheed Martin“ и речиси 80 комплети за модернизација на својата постојна флотила од овие авиони.