Ердоган се премисли и нема да ги протера десетте амбасадори од Турција

Западните амбасадори во Турција се „повлекоа“ и ќе бидат „повнимателни во иднина“, изјави во понеделникот турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по што соопшти дека се откажува од протерувањето на десетте дипломати на кои им се закануваше поради нивната поддршка за затворениот активист Осман Кавала.

„Нашата намера не беше да предизвикаме криза, туку да ги заштитиме суверените права на Турциј“а, рече Ердоган.

Десет амбасадори од САД, Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка и Шведска во заедничка изјава на 18 октомври повикаа на „брзо и правично решение на случајот“ Осман Кавала, кој е во затвор од 2017 година..

Ердоган ова го протолкува како „напад“ и „навреда“ за турското правосудство.

„Моја задача, како шеф на државата, беше да го дадам потребниот одговор“, додаде турскиот претседател, истакнувајќи дека турските судови не примаат наредби од никого.

„Нивното ново соопштение покажува дека се повлекоа“ рече Ердоган откако десетте земји во изјавите потврдија дека дејствуваат „во согласност со член 41 од Виенската конвенција“, кој ги регулира дипломатските односи и забранува какво било мешање во внатрешните работи на земјата домаќин.

Кавала, познат турски издавач и мецена, е противник на власта на Ердоган кој четири години во притвор го чека почетокот на судењето, е обвинет дека се обидува да ја дестабилизира Турција.

Во соопштението објавено во понеделникот вечерта Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и САД повикаа на „праведно и брзо решение на аферата со Осман Кавала“.

Веднаш следниот ден по нивното заедничко соопштение, во вторникот напладне, амбасадорите на овие десет земји беа повикани кај турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој нивното заземање за Кавала го нарече „неприфатливо“ мешање во внатрешните работи на земјата.

Дипломатите во спортното соопштенија оценија дека „континуираното доцнење на неговото судење… фрла сенка на почитувањето на демократијата, владеењето на правото и транспарентноста на турскиот правосуден систем“.