Ердоган се сретна со Тачи во Истанбул

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во палатата Вахдет во Истанбул го прими претседателот на Косово, Хашим Тачи, а фотографиите од средбата беа објавени на Твитер.

Пред две недели, турските власти реагираа на одлуката на Приштина да отвори амбасада во Ерусалим, во рамките на договорот за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина, кој што беше потпишан во Вашингтон. Турското Министерство за надворешни работи тогаш изрази „целосно разочарување“.

https://twitter.com/HashimThaciRKS/status/1307638409083654144?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1307638409083654144%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Ferdogan-se-sretna-so-tachi-vo-istanbul%2Fa439748