Ердоган: Шведска и Финска мора да ги предадат терористите ако сакаат во НАТО

Шведска и Финска мора на Турција да ѝ предат до 130 терористи пред парламентот во Анкара потврди нивното барање за членство во НАТО, повтори во понеделникот турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Турција особено ја истакна Шведска, како држава која мора да заземе јасен ставв против лицата коишто Анкара ги смета за терористи.

„Им кажавме, доколку не ни ги предат терористите, вашето барање во парламентот нема да мине“, изјави Ердоган во понеделникот алудирајќи на заедничката прес-конференција во ноември со шведскиот премиер Улф Кристерсон. Додаде дека Анкара бара екстрадиција на околу 130 терористи.

Анкара минатата седмица ја осуди видео-монатжаата која ја направи активистичка група блиска на PKK во Шведска, во која кукла со ликот на претседателот Ердоган виси обезсена за нозете и се нарекува „диктатори“.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин во саботата предупреди дека времето истекува, како и дека парламентот доколку двете земји го исполнат ветеното, нивните барања би ги ратификувал пред претседателските и парламентарните избори во мај. Калин оцени дека Турција од Шведска или од Финска „не бара ништо што не е во согласност со нивниот закон“ и додаде дека Анкара е „многу реална“.

Кристерсон, пак, претходно во понеделникот рече дека неговата земја е во „добра позиција“ во врска со ратификацијата од страна на Турција за членството во НАТО.

Шведска и соседната Финска по децениите тесна и континуирана воена соработка со НАТО и покрај декларативната воена неутралност, во мај годинава под изговор за закана од Русија по почетокот на војната во Украина, побараа полноправно членство во Алијансата.

Нивната кандидатура поднесена во мај на вонредниот самите на НАТО во Мадрид, досега ја поддржаа 28 од 30-те членки на Северноатлантскиот сојуз, Унгарија тоа ќе го стори во февруари, а Анкара го условува приемот на Стокхолм и Хелсинки со израчување на припадниците на организациите на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во егзил во САД – FETO коај е обвинета за неуспешниот воен преврат во јули 2016 година и на Работничката партија за Курдистан (PKK) кои се означени како терористички организации и бара од двете земји да им го укине политичкиот азил даден на нивни членови против кои има отворено истраги или судски процеси.

До крајот на јуни се чинеше дека спорот меѓу Анкара, од една страна, и Стокхолм и Хелсинки, од друга страна, поради поддршката на терористичките организации е надминат. Турција, Шведска и Финска на самитот на НАТО во јуни во Мадрид потпишаа меморандум, но Анкара повторно се закани со блокирање на приемот на двете нордиски земји. Стокхолм и Хелсинки со него се согласија да преземат низа потези со кои ќе ги отстранат забелешките на Турција за нивите политики кои ѝ штетат на нејзината национална безбедност. Но владите на двете земји подоцна изјавија дека не се согласиле на посебни екстрадиции и дека сите барања од Анкара ќе бидат решавани во согласност со домашното и меѓународното право.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.