Ердоган смени десет министри

Корупцискиот скандал во Турција се продлабочи откако премиерот Реџеп Таип Ердоган изјави дека менува десет министри од своите функции или половина од неговата Влада, по оставките на тројца министри поради истрага за корупција на високите ешалони на власта, пишува „Финеншал Тајмс“.

Меѓу промените министри е и одговорниот за прашања за ЕУ, Егемен Багис, за кого постојат информации дека фигурира во истрагата, но се’ уште не ја поднел својата оставка. Се менуваат уште клучните позиции, како министри за економија и правда.

Вчера тројца министри, блиски соработници на Ердоган, ги поднесоа своите оставки, министерот за економија Зафер Чаглајан, министерот за внатрешни работи, Муамер Ѓулер и министерот за животна средина Ердоган Бајрактар. Синовите на Чаглајан и Ѓулер се во затвор во очекување на почетокот на судењето по обвиненијата за корупција.

На чело на Министерството за внатрешни работи, Ѓулер беше особено ранлив, бидејќи на крајот се покажа одговорен за истрагата против сопствениот син.

Полициските операции пред повеќе од една недела ја спроведоа истрагата за мито, корупција и шверц на злато.

Во домот на синот на Ѓулер, Барис, беа откриени неколку сефови и машина за броење на пари. Одговорните за операциите беа отстранети од нивните функции, со образложување дека ја извршиле операцијата без да ги информираат своите претпоставени, пишува британскиот весник.