Ердоган: Туѓо не сакаме, наше не даваме – Грција да не ја тестира турската трпеливост

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска ја предупреди Грција да не ја тестира турската трпеливост или храброст, со влошување на тензиите меѓу сојузниците на НАТО околу експлоатацијата на енергетските ресурси во источниот Медитеран.

„Турција ќе го преземе она што го смета за свое право во Средоземното Море, Егејското и Црното Море. Исто како што не сме фрлиле око на териториите на други земји, нивниот суверенитет и интереси, така ние никогаш нема да направиме компромис за тоа што е наше“, изјавил Ердоган.

Тој додал дека Турција е решена да стори сé што е потребно во политичка, економска и воена смисла, пренесува Ројтерс.

„Ги повикуваме нашите соговорници да избегнуваат грешки што ќе доведат до нивно уништување“, рекол Ердоган.

Турција и Грција се во спор околу правото за истражување на потенцијалните наоѓалишта на нафта и бензин во источниот медитерански регион, во кој се сега вклучени и членки на ЕУ, како и други земји.