Ердоган: Турција досега не испратила војници во Либија, туку само воени советници

Турција досега не испратила војници во Либија како поддршка за меѓународно признатата владата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, цитиран од британските медиуми.

Тој прецизира дека Анкара во оваа земја досега само распоредила воени советници и инструктори.

Минатата недела Ердоган соопшти дека Турција почнува да испраќа војници во Триполи. Тој претходно имаше кажано и дека Анкара ќе распореди војници во Либија, потсетува БТА.

Турскиот претседател зборуваше пред новинарите на враќање од самитот за Либија во Берлин. Според него, напорите на Турција на средбата создале основа за прекин на огнот меѓу двете страни во конфликтот, информира турската телевизија НТВ.

Тој додаде дека присуството на Турција во оваа северноафриканска земја ги зголемило надежите за мир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.