2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Ердоган: Турција е неразделен дел од Европа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Анкара се смета себеси за неразделен дел од Европа.

Обраќајќи им се на членовите на неговата владејачка партија, Ердоган рече дека Европската унија треба да ги исполни своите ветувања за решавање на проблемот со мигрантите и да ја прими Турција во Унијата, пренесува Ројтерс.

„Секогаш се гледаме себеси како дел од Европа“, рече Ердоган во виртуелниот говор пред членовите на владејачката партија.

Според него, Турција одлучила да ја фаворизира Европа сè додека не ја принудат да гледа на поинаков начин, пренесе АП.

„Паметете ги своите ветувања дадени на нашата земја, од полноправно членство до прашањето за бегалците. Да воспоставиме поблиска и поефикасна соработка заедно“, рече Ердоган.

Говорејќи за мерките воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот, Ердоган рече дека тие би биле уште поригорозни доколку не се почитуваат, пренесува турскиот портал Хуријет.