Ердоган: Турција не купува нафта од џихадистите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги отфрли тврдењата дека Турција купува нафта од џихадисти од групата „Исламска држава“, јави БТА.

Ердоган при враќањето од посетата на Катар изјави пред новинари дека тврдењата за купување нафта од Исламска држава се многу груби и целосна лага.

Според Ердоган таквите тврдења се целосна новинарска лага. На новинарско прашање за влошување на односите на Турција со САД, Ердоган изјави дека стратешката соработка со САД продолжува, но со исклучок на хуманитарна помош, од Анкара не треба да се очекува ништо друго.

Ердоган, исто така, нагласи дека продолжуваат напорите на Турција за ослободување на 49 турски дипломати, киднапирани од џихадисти на ИД. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.