Ердоган: Турција не може да прифати компромис за сириските Курди

Турција не може да ги прифати последните коментари на советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон дека Анкара мора да се согласи да ги заштити курдски сојузници на Вашингтон во Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Во говорот пред членовите на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во турскиот Парламент, Ердоган рече дека Болтон направил „сериозна грешка”, повикувајќи на нови услови за повлекување на американските сили од Сирија и оти Турција не може да прифати компромис по прашањето на Силите за заштита на народот (ЈПГ) на сириските Курди.

Ердоган наведе дека турските подготовки за нова воена офанзива против „терористичките групи во Сирија“ во голема мерка се завршени.

Турскиот претседател, исто така, додаде дека борбата на ЈГП против групата Исламскат држава е „голема лага”.

Турција ги смета Силите за заштита на народот, кои се сојузник на САД во борбата против ИД, за терористичка организација и огранок на Курдистанска работничка партија (ПКК) во Сирија. ПКК, која се бори за автономија на регионите населени со Курди во Турција, е на листата на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.

Болтон денеска во Анкара се сретна со советникот на Ердоган, Ибрахим Калин, со кого разговараше за судбината на силите на сириските Курди.

По разговорите во претседателскиот комплекс во Анкара, што траеја два часа, Болтон изјави дека побарал гаранции од Турција дека нема да ги нападне Силите за заштита на народот.

Болтон наведе дека тоа е „услов“ што го поставл американскиот претседател Доналд Трамп, за повлекување на силите на САД од свероисточниот дел на Сирија,

ПКК, која се бори за автономија на регионите населени со Курди во Турција, е на листата на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.

МИА