Турција одамна го заслужи Шенген договорот, обвинувајќи ја Европската унија за неискреност во процесот за влез во ЕУ, изјави турскиот претедател Реџеп Тајип Ердоган.
– Ние всушност одамна го заслуживме Шенген договорот. Официјално поднесовме барање за членство во 1963 година и во текот на тој процес, секогаш не залажуваа, рече Ердоган за државата телевизија ТРТ.
– Никогаш не биле искрени и се уште не се искрени, додаде тој.
Турција и ЕУ во петокот постигнаа договор за ставање под контрола на приливот на мигранти во Европа, со кој Унијата и вети на Анкара визна либерализација до крајот на јуни, забрзување на преговорите за челнство, како и финансиска помош. За возврат Анкара ќе ги прифати назад сите илегални мигранти, кои преминале од нејзина територија во Грција.