Ердоган тврди дека Русија стои зад војната во Либија

Русија раководи со војната во Либија, изјавил турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во разговорот со новинарите кои го придружувале на летот во претседателскиот авион на враќање од пакистан, а исечоци од ова интервју ги објави во саботата телевизијата NTV.

Како потврда на своето тврдење, Ердоган зборувал за некоја фотографија на којашто наводно е снимена во едно од командните места на Либиската национална армија (LNA) на којашто се гереналот Калифа Хафтар, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, и уште едно лице кое турскиот челник го именивал на „Вагнер“.

„Сите тие се високи воени функционери на Русија, и управуваат со ‘Вагнер’. И тие сѐ уште продолжуваат со тврдењата дека немаат никави врсо (со ‘Вагнер’). Во моментов Русија ја води војната (во Либија) на највисоко ниво“, тврди Ердоган.

Москва повеќепати ги нергираше сличните обвинувања. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја нарече „паткти“ изјавите кои доаѓаат од САД за навдона дестабилизирачката улога на „ военото вмешување“ на Русија во решавањето на ситуацијата во Русија. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пак, од своја страна изјави дека тврдењата за „руски платеници“ присутни во Либија се гласини.

Земјата по соборувањето на Моамер ел Гадафи во 2011 година е поделена помеѓу ривалските страни кои се борат за превласт. Но, нивните судири се интензивираа во април минатата година кога Хафтар презеде голема офанзива врз Триполи, но меѓународно признаената влада возврати и настана пат позиција.

Меѓународно признаената Влада на Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од државата. Додека генерал Хафтар, чие седиште е во Тобрук, контролира поголем дел од земјата и поголем број нафтени полиња.

Ситуацијата во земјата дополнително се комплицира со финансиска, дипломатска и воена помош од странски сили за спротивставените страни. Турција, која ја поддржува Владата во Триполи веќе испрати војници во Либија. Владата во Триполи ја поддржуваат и Катар, САД и Италија. Хафтар има поддршката од Русија, Египет, Обединети Арапски Емирати, Јордан, Саудиска Арабија и Франција.